Bojana Stojanovic
11 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
БЕЛГРАД
Во Србијa уште три лица починаа од последиците на Ковид-19 во последните 24 часа, а заразени се уште 62 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 10.176, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последното деноноќие се тестирани 5.012 лица, од кои 62 биле позитивни на Ковид-19.
Хоспитализирани се 1.123 пациенти, а на респиратори се 29 пациенти.
Во последните 24 часа, починаа уште три лица од последиците на вирусот, што значи дека до сега во Србија од Ковид-19 починаа 218 лица. Процентот на смртноста е 2,14 отсто.
До сега се тестирани 145.604 граѓани, а излекувани се 3.290 лица.
Во социјалните установи во Србија, Ковид-19 е регистриран кај 261 корисник и 58 вработени.