Bojana Stojanovic
27 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во претходните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 57 лица, што е најмногу досега на дневно ниво, а регистрирани се најголем број на новозаразени и тоа 7.780, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно во земјата регистрирани се 155.994 случаи на вирусот, а до денес се хоспитализирани 6.901 лица.
Од вчера тестирани се 22.404 лица, од кои 7.780 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 57 лица, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 1.423. Процентот на смртност изнесува 0,91 отсто.
На респиратори се приклучени 245 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјата досега тестирани се 1.726.389 граѓани.