Admir Fazlagic
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Лепа Бабиќ, при што беше истакнато дека двете земји заемно се поддржуваат на патот кон евроинтеграциите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, босанско-херцеговската амбасадорката му честитала на Џафери за изборот за претседател на Собранието на Република Македонија, при што претседателот на Собранието, Џафери се заблагодарил за честитките и поддршката што ја доби од Парламентот на Босна и Херцеговина.
„Во текот на средбата, претседателот Џафери истакна дека двете земји заемно се поддржуваат на патот кон евроатлантските интеграции и се силно определени преку соработка во сите области - култура, образование, безбедност и друго, да дадат значаен придонес кон заедничкото интегрирање во ЕУ и олеснување на меѓусебната комуникација во сите сфери на општественото живеење", се вели во соопштението.
Амбасадороката Бабиќ, на средбата, главен акцент ставила на подобрување на парламентарната соработка меѓу двете страни и посебен осврт даде на значењето на неколку билатерални договори меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина, кои се во завршна фаза и кои ќе придонесат за подобрување и олеснување на меѓусебната комуникација на двете земји, како и подобрување и интензивирање на економската соработка.
„Претседателот на Собранието, Џафери истакна дека ќе се фокусира на парламентарната дипломатија, и во таа насока ќе се работи да се зајакнат директните комуникации на соработка на сите нивоа, со што ќе се придонесе за продлабочување на севкупните пријателски односи. На крајот на средбата, и двајцата соговорници се согласија за неопходноста од понатамошна директна и пријателска комуникација меѓу двете страни и изразија надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина", информираат од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.