СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА/БЕЛГРАД (АА) - Ниските температури, студеното време и снежните врнежи го зафатија регионот во последните неколку дена, но според изменерите температури најстудено беше вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
- Македонија утрово со -28, негативни температури и во текот на денот
Според Управата за хидро-метеорологија на Македонија (УХМР) најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово, потоа следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје.
Нови врнежи од снег не се забележани, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени.
Според најавите, времето утре ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Најниската утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени.
Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -19 до -8.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.
Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат внимателно возење, почитување на сигнализацијата и собраќајните знаци со цел избегнување на бројните сообраќајни незгоди.
- Студеното време во Албанија го попречи нормалниот тек на животот
Обилните снежни врнежи во Албанија престанаа, но ниските температури низ целата земја ги попречија нормалниот тек на животот на жителите во областите погодени од студеното време, и предизвика проблеми во сообраќајот на патиштата во руралните средини. Надлежните институции, информираат дека досега најниската температура во Албанија изнесувала -21 степени Целјзусови.
Од студеното време во Саранда почина 54. годишно лице, потврди локалната полиција, а едно 54. годишно лице синоќа почина во Драч. Причините за смртта не се утврдени но се претпоставува дека причината е студеното време.
Општина Тирана обезбеди сместување и потребни услови за згрижување во четири социјални центри.
- Во текот на ноќта на Косово измерени рекордни минус 24 степени Целзјусови
На Косово веќе неколку дена врмемето е исклучително ладно, но изминатата ноќ беше најстудена оваа зима со температура од минус 24 степени Целзјусови. Моменалната температура во Приштина е минус 14 степени Целзјусови. На Косово во последните денови имаше снежни врнежи, поради што снегот во некои делови достигна висина од пола метар. Според денешното соопштение на Министерството за инфраструктура на Косово сите национални и регионални патишта се проодни, а екипите за чистење на патиштата констатно се на теренот.
Според соопштението, сеуште се работи на одблокирање на регионалниот пат Брезовица-Превалац, како и патот Брезовица-Скијашки центар кој е блокиран од многубројни приватни автомобили на граѓаните. Меѓутоа, како пренесуваат локалните медиуми 36 села од општината Драгаш понатаму се отсечени. Лошото време доведе до бројни дефекти на електричната мрежа, па голем број на села веќе два дена се без струја. Снегот ја оштети и телефонската мрежа, поради што општина Драгаш побара помош од централните институции.
- Во Србија вчера прогласена вонредна ситуација
Поради екстремните временски прилики во сјеничката општина во Србија, вчера е прогласена вонредна состојба. Десет илјади луѓе во повеќе од сто села на општината Сјеница, отсечени се од светот. Локалните патишта на Пештер и планинските делови во таа општина се непроодни.
Локалнит власти соопштија дека поради силниот ветер и нанесите кои се создаваат блокирани се повеќе од сто села.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги користат зимските пнеуматици и ланци, да го почитуваат ограничувањето на брзианта и да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.
Поголемиот дел на Србија како и регионот Санџак од вчера ги зафати студениот бран со температури преку минус 20 степени Целзјусови.
Ниските температури во текот на ноќта и утрово забележани се и во Црна Гора, Босна Херцеговина и Хрватска. Поради ниските температури кои изнесуваат над -22 степени Целзјусови, низ градовите забележнително е намален метежот, а граѓаните избегнуваат излегување на студеното време.