Furkan Abdula
28 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денес се одржа церемонија за доделување велосипеди за учениците кои учествуваа во Летната школа организирана во соработка на Општина Коња од Турција, и здруженијата „Ќопру“ (Мост) и „Енсар“ од Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата присуствуваа директорот на Одделот за образование при Општина Коња, Абдула Калели, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, координаторот на ТИКА во Скопје, Халим Омер Согут, претставници на здруженијата “„Ќопру“ и „Енсар, како и ученици и нивните родители.
Директорот на Одделот за образование при Општина Коња, Калели, во изјава за АА истакна дека од 2007 година организираат стручни курсеви за возрастни во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, и дека во 2021 година во Босна и Херцеговина и во Северна Македонија организирале курсеви за личен развој како и курсеви за уметност за деца на возраст од 7 до 14 години.
Потпретседателот на Здружението „Ќопру“, Мехмед Ариф, рече дека денес се доделуваат сертификати како и велосипеди за учениците учесници во Летната школа, изразувајќи надеж овој проект да стане традиционален.
Директорката на домовите за женски студенти при Здружението „Енсар“, Кадрије Сулејман, истакна дека во рамки на школата која траела околу еден месец, организирале различни проекти, и дека преку забава се обидувале да ги образуваат децата.
Таа додаде дека во Летната школа учествувале 76 ученици кои биле поделени на различни возрасни групи, односно деца од 7 до 9, и од 10 до 14-годишна возраст.
Оваа Летна школа беше организирана помеѓу 21 јули и 16 јули оваа година.