Zülfiya Yakup
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
ПРИШТИНА (АА) - Во објектот на Агенцијата за разузнавање на Косово утрово со огнено оружје е убиено едно лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за разузнавање на Косово соопшти дека случајот не е поврзан со активностите на Агенцијата.
„Денеска, 4.9.2018 година, во објектот на Агенцијата за разузнавање на Косово е употребено огнено оружје, при што еден службеник на внатрешната безбедност пукал во вработен во бифето. Жртвата починала во Универзитетскиот клинички центар на Косово. Случајот не е поврзан со активностите на Агенцијата“, се вели во соопштението на Агенцијата за разузнавање на Косово.
Во соопштението се наведува и дека истрагата за случајот ја презел надлежен обвинител.