Almir Terzic
28 Ноември 2024•Ажурирај: 28 Ноември 2024
САРАЕВО (АА) - Самитот на лидерите на Западен Балкан и на Европската Унија, чиј домаќин требаше да биде Босна и Херцеговина на 4 и 5 декември, е одложен, а не откажан, потврди за Агенција Анадолу, Зукан Хелез, заменик-претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина и министер за одбрана.
Генералниот секретаријат на Советот на министри на БиХ беше принуден да ја прекине постапката за јавна услуга за организацијата на овој настан бидејќи една од компаниите поднесе жалба на претходната одлука за избор на најповолен понудувач за организација на самитот.
За оваа жалба треба да одлучи Канцеларијата за разгледување на жалби на БиХ.
Самитот има цел да се унапреди политичкиот дијалог, да се поттикне економскиот развој и да се зајакнат врските меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. На самитот фокусот ќе биде ставен на заедничките предизвици, регионалната стабилност и процесот на европска интеграција.
Овој дводневен настан треба да ги собере клучните актери од регионот и од ЕУ, со цел зајакнување на соработката и разгледувањето на важни политички, економски и социјални прашања.
Како што се наведува, самитот треба да се одржи во Неум.