Stipe Majic
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска објави дека 7 нови пациенти со коронавирусот се дијагностицирани во Хрватска од вчера, додека три случаи исто така се излекувале под домашна нега. Сообраќајот на конвоите со стока кон соседните земји е под полициски надзор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, изјави дека во Хрватска денеска има 7 нови случаи на заразени со коронавирусот, при што вкупната бројка на заболени изнесува 56. Со оглед на тоа дека првите 3 заразени лица ја завршија првата фаза на лекување и се пуштени на домашна нега, може да се каже дека бројката на заболени изнесува 53.
„Од 7 нови, еден случај е од Риека, еден од Карловац и петмина од Загреб, а меѓу нив е и е лекар од Клиничкиот болнички центар „Ребро“, кој се дружел со луѓето кои се вратиле од скијање“, изјави Берош.
Извршени се 835 тестирања, од кои 15 сѐ уште се обработуваат и според вчерашните податоци, 8.464 хрватски државјани се под надзор, а оваа бројка се очекува да се зголеми денеска. Под посебен надзор се 290 лица кои биле во директен контакт со заразените, а проценката на Центарот за цивилна заштита е дека денеска, со оглед на седумте нови случаи, бројката ќе се зголеми на околу 500.
„Хрватска влегува во трета фаза на борбата против коронавирусот, која вклучува мобилизација на здравствениот систем, а во подготовка се примарниот, секундарниот и терцијалниот систем кој ќе се активира според потребите на терен“, изјави Берош.
„Растојанието при социјален контакт е клучно за да се спречи ширењето на инфекцијата од здраво на болно лице“, велат членовите на Центарот за цивилна заштита.