Stipe Majic
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Нуркачите на Хрватската воена морнарица и Командата на специјалните сили го пронајдоа телото на другиот пилот, како и дел од хеликоптерот „Kiowa Warrior“, што вчера падна во морето во Зларинскиот Канал, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Нуркачите на Хрватската воена морнарица и Командата на специјалните сили благодарејќи на детектирањето на подводното возило „Remus“ на Хрватската воена морнарица, денес околу 8 часот и 10 минути, го пронајдоа делот од хеликоптерот „Kiowa OH-58 D“, што се сруши вчера во трагичната несреќа, и телото на пилотот на Хрватското воено воздухопловство, поручникот Томислав Батурина, во Шибенскиот Канал, пред Заблаќ“, соопштено е од Министерството за одбрана на Република Хрватска (MORH).
Телото на првиот пилот Марин Кларин беше пронајдено вчера, кратко по падот на хеликоптерот.
Истрагата и понатаму е во тек, а ја спроведува комисијата формирана од Министерството за одбрана на Република Хрватска, со цел утврдување на причините и околностите за несреќата во која загинаа двајца пилоти, по падот на хеликоптерот во морето.