Stipe Mayiç
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Централниот дел на Загреб деновиве се преоблекува во адвентско руво што со својата атмосфера и оваа година ќе привлече голем број гости и туристи, но исто така и граѓаните на Загреб на градските улици до доцните ноќни часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата година, Загреб се стекна со завидна титула за една од поубавите адвентски дестинации во Европа, а дека и оваа година се натпреварува со другите европски градови, се гледа во центарот на градот, каде што општинските работници неуморно поставуваат адвентски украси, бели куќички, елки, санки и други реквизити што ќе да ја пополнат божиќната бајка во хрватската метропола.
Не заостануваат и дуќаните и приватните продавници, кои со богат накит и прекрасни декорации имаат за цел да привлечат колу што е можно повеќе клиенти.
Адвент во Загреб официјално започнува на 2 декември и ќе трае до 7 јануари 2018 година.