Stipe Majic
23 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 1.867 нови случаи на заразување со Ковид-19, а починаа седум лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска изнесува вкупно 8.394, извести Штабот на цивилна заштита на Република Хрватска, а во Загреб се забележани 580 случаи.
Меѓу нив се 716 пациенти на болничко лекување, од кои 49 пациенти се на респиратор.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денеска евидентирани се вкупно 31.717 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 413 починаа. Оздравеа вкупно 22.910 лица, од кои 846 во последните 24 часа“, соопштија од Главниот штаб.
Во самоизолација моментално се 25.889 лица.
До денеска тестирани се вкупно 428.961 лице, од кои 7.313 во последните 24 часа.