Stipe Majic
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Цивилната заштита на Република Хрватска денеска ќе објави нови резултати за состојбата со коронавирусот, а досега во Хрватска потврдени се 713 заразени лица и 6 смртни случаи од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Хрватска вчера беа потврдени 56 нови случаи на вирусот со што вкупниот број заболени во Хрватска порасна на 713.
Шестата жртва на коронавирусот во земјата е 84-годишник, кој покрај коронавирусот, страдал и од последици на мозочен удар.
Вкупно 52 лица се излекувани, а на респиратори се 26 пациенти.
Вчера во Загреб од Шангај пристигна 12,5 тони медицинска опрема потребна за борба против коронавирусот.
Под мерки за самоизолација се 20.000 лица, полицијата примила над 3.000 пријави за кршење на пропишаните мерки, а во 893 случаи прекршувањето е потврдено и лицата ќе бидат парично казнети.
Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје и член на кризниот штаб, Крунослав Чапак, за хрватските медиуми вчера изјави дека мерките за изолација во Хрватска најверојатно ќе траат до 1 јуни.