Ahmet Nurduhan,Stipe Majic
27 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се започнати работите за набавка на 89 оклопни борбени возила од типот „Бредли“ од САД, а испораката ќе заврши во 2026 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведувајќи дека стратешка цел на проектот е зајакнување на партнерските односи меѓу Хрватска и САД, премиерот Пленковиќ рече: „Вкупната вредност на проектот е 196.400.000 долари. 51.100.000 долари ќе бидат грант од САД и 145.300.000 долари ќе плати Хрватска.“
Пленковиќ, потсетувајќи дека Хрватска како членка на НАТО има обврска да подготви „средна пешадиска бригада“ до 2026 година, рече дека во овој процес напорите за набавка на 89 оклопни борбени возила од типот „Бредли“ од САД се задолжителни и дека испораката ќе заврши во 2026 година.
Потсетувајќи дека процесот е започнат со неговото назначување за премиер во 2017 година, Пленковиќ рече дека според договорот склучен за првпат, започнати се напори за набавка на вкупно 84 возила, од кои 62 воени возила, 5 возила за обука и 17 други видови возила кои ќе служат за поправки и резервни делови.
„Како резултат на одлуките што ги донесовме по преговорите, го зголемивме бројот од 17 возила кои служат за поправки и резервни делови на 22. Со 62 воени возила, 5 возила за обука, достигнавме до бројка од 89 возила“, рече хрватскиот премиер.
Подвлекувајќи дека Хрватската армија ќе набави нова опрема и ќе ги извршува своите задачи подобро во наредните години, Пленковиќ рече: „Испораката на воените возила од типот „Бредли“ ќе биде извршена во 2023 година. Потоа, тие ќе бидат донесени во Славонски Брод, Хрватска, за да се зголемат нивниот капацитет и модернизација. Возилата овде ќе бидат доведени до полн капацитет и до 2026 година ќе бидат подготвени за употреба.“