Stipe Mayiç
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Првиот круг од локалните избори во Република Хрватска ќе се одржи утре. Над 3,7 милиони регистрирани гласачи ќе избираат околу 9.500 локални претставници од 47 601 кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Избори за локалната власт, како и изборите за хрватскиот Парламент, се одржуваат на секои четири години. Вториот круг од локалните избори, доколку кандидатот не е избран со мнозинство гласови ќе се одржи две недели подоцна, на 4 јуни 2017 година.
Кампањата за локалните избори траеше до 19 мај, пo што следуваше предизборниот молк, кој продолжуваат на денот на изборите, се до затворањето на гласачките места.
- Гласачки места
Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК) од 7 до 19 часот на државно ниво ќе бидат отворени 6.618 избирачки места, а вкупно 612 избирачки места ќе има само градот Загреб.
Хрватска има 428 општини, 127 градови и 20 окрузи, а на овој број се додава и Градот Загреб кој има посебен статус.
Град Сплит отвора 165 избирачки места, Осиек 117, Риека 101, и Задар 71 место.
- 47.000 кандидати
За места во локалната власт на овие избори се натпреварува 47.000 кандидати, помалку во однос на изборите од 2013 година.
Хрватските граѓани со право на глас ќе избираат 20 жупани и 51 заменици жупани, 127 градоначалници и 193 нивни заменици, 428 началници на општините и 440 нивни заменици.
Замениците од редовите на националните малцинства, односно хрватскиот народ, имаат 152 места, со тоа што Србите избираат најмногу, 87, а Бошњаците пет.
Од вкупниот број на листи и кандидатури кој изнесува 4.630, 374 листите ја немаат исполнето минималната женска квота од 40 отсто, поради што ќе бидат принудени да плаќаат казни. Тие казни за партијата максимално изнесуваат и се движат до 40.000 куни (5.500 евра).
На овие избори се излегува со ист број на општини и градови како и на претходните избори.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за избор на началници на општините, градоначалници и жупани како и нивни заменици вкупно се запишани 3.719.157 избирачи.
Во листата на гласачи во општините и градовите за избор на заменик-жупан вкупно се регистрирани 138.752 гласачи од редовите на националните малцинства.
За избор на заменик началници и градоначалници на општините, вкупно се запишани 62.079 гласачи од редовите на националните малцинства, или од членовите на хрватската нација.
- Правила за гласање и набљудувачи
Дозвола за набљудување на изборниот процес имаат 12,406 набљудувачи, дозволата е издадена од страна на изборните комисии или од страна на ДИК.
Изборниот процес го набљудуваат и 22 странски набљудувачи на изборните комисии од другите земји, здруженија на изборните органи и набљудувачи на странските амбасади во Република Хрватска.
На локалните избори не може да гласа повластено, а правилно се гласа ако на гласачкото ливче се заокружи само еден број пред името на листата за совет / собрание или еден број пред имињата на кандидатите за началник, градоначалник и жупан, предупредува Здружението Гонг.
Гонг нагласува дека фотографирањето на своето или туѓо ливче не е во согласност со правилата на изборниот процес, бидејќи може да ја загрози тајноста на гласањето и може да биде основа за купување гласови како кривично дело.
Изборните комисии треба строго да се придржуваат на прописите, постапките и упатствата на ДИК и не смеат да се впуштаат во кривични дела, како што се на пример, гласање наместо друг, предупредува Гонг.
Резултати од одѕивот на гласачите ќе биде објавен во текот на денот, а првите излезни анкети ќе бидат објавени по 19 часот, додека првите прелиминарни резултати од изборите ДИК ќе ги соопшти околу 21 часот.