Stipe Majic
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Со мнозинство гласови на пратениците денес е распуштен 9. состав на хрватскиот Сабор (Парламент), јавува Агенција Анадолија (AA).
На предлог на хрватската Влада и по формалната одлука на претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, за распуштање на Парламентот гласале 105 пратеници, четворица биле воздржани и осум пратеници гласале против. За потврда на таа одлука беше потребно натполовично мнозинство од 76 гласови.
Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, ќе го одреди датумот за парламентарните избори, кои мора да се одржат во рок од 30 до 60 дена од денот на распуштањето на Парламентот.
Најраниот рок за распишување избори е 21 јуни, а најдоцниот 12 јули.