Lejla Biogradlija
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Министерството за надворешни работи на Хрватска го повика на средба унгарскиот амбасадор во Загреб, по изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој, алудирајќи на Хрватска, рече: „Доколку не ни го земеа морето, и ние ќе имавме пристаниште“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Орбан, минатата недела, во изјавата дадена за купувањето нафта од Русија, потсетувајќи дека Унгарија одредено време го контролирала јадранскиот брег, рече: „Земјите кои имаат крајбрежје можат да носат нафта со танкери. Доколку не ни го земеа морето, и ние ќе имавме пристаниште.“
Хрватското Министерство за надворешни работи, осудувајќи ја изјавата на Орбан, нагласи: „Ги осудуваме сите видови претензии за територијата на суверените држави.“
Во соопштението се истакнува дека унгарскиот амбасадор во Загреб бил повикан во Министерството по зборовите на Орбан насочени кон хрватската територија.
Во меѓувреме се наведува дека Орбан укажува на хрватскиот јадрански град Риека, кој Унгарија го загуби со Тријанонскиот договор потпишан по Првата светска војна.