Admir Fazlagic
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска присуствуваше на отворањето на Лабораторијата за кризен менаџмент на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Северна Македонија соопшти дека министерката Шекеринска имаше свое обраќање пред присутните, при што истакна дека НАТО инвестира и во напредни технологии за справување со кризни состојби.
„Ако пред некоја недела ја добивме првата директна поголема помош од НАТО во форма на респиратори и дополнителен медицински маттеријал, денеска имаме шанси да видиме дека НАТО инвестира и во напредни технологии кои што ќе ни дадат дополнителен инструмент да се справуваме со кризните состојби“, рече Шекеринска.
Според неа, корона кризата покажа дека кризните состојби не се нешто на што треба теоретски да се подготвуваме, туку дека навистина се дел од секојдневниот живот.
Софтверот кој е дел од овој проект им дава дополнителна поддршка на сите институции кои соработуваат во кризниот менаџмент, да бидат побрзи и пеофикасни, особено во кризи, кога времето е клучен фактор.
Особено важно, подвлече министерката, е што членството во НАТО и настаните поврзани со корона кризата ни покажаа дека Алијансата навистина верува во сојузништвото и дека принципот сите за еден, еден за сите не е само збор, туку е акција.
„Ние и досега се потпревме на поддршката која што доаѓа од НАТО и од земјите членки, но на овој начин покажуваме дека НАТО е инвестиција и во домашната наука, бидејки освен продуктите и освен софтверот кој што беше добиен од страна на Линколн лабораторијата, ова е резултат и на наши македонски научници кои што продолжуваат да работат на ваквиот напреден начин на работа“, рече Шекеринска.
Раководителот на Катедрата за безбедност, кризен менаџмент, заштита и спасување на Воената академија, професорот Методија Дојчиновски истакна дека целта на лабораторијата е реализација на основни и напредни обуки, настава и научно истражувачка работа поврзана со кризниот менаџмент.