Vesna Besic
20 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
САРАЕВО (АА) - Од денеска должноста претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), по принципот на ротација, ја презема членот на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот народ, Шефик Џаферовиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џаферовиќ ќе ја преземе функцијата претседавач на период од осум месеци, а претходно претседавач беше Жељко Комшиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина од редовите на хрватскиот народ.
„Оваа ротација се одвива врз основа на член V став (2) б. од Уставот на Босна и Херцеговина, а во врска со членот 5 став (2) од Деловникот за работа на Претседателството на Босна и Херцеговина“, соопштено е претходно од Претседателството на Босна и Херцеговина.