Kemal Zorlak
23 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
САРАЕВО (АА) - Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), Шефик Џаферовиќ, упати телеграма со сочувство до претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод тешката сообраќајна несреќа во која настрадаа најмалку 46 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Почитуван претседателе Пендаровски со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во која се запали патнички автобус, при што животот го изгубија 46 луѓе, меѓу кои имало и деца“, порача Џаферовиќ и додава:
„На Вас и на семејствата на настраданите, и на сите граѓани на Северна Македонија им искажувам искрено сочувство. Ве молам, на повредените да им ги пренесете желбите за брзо закрепнување. Во мислите и молитвите сме со вас во овие тешки моменти.“
Најмалку 46 луѓе починаа откако автобус со македонски регистарски ознаки се запали на автопат во западна Бугарија рано во вторник. Меѓу починатите се и 12 деца.