Bahattin Gönültaş
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
БЕРЛИН (АА) - Две третини од персоналот на „Луфтханза“ ќе работат со помалку работни часови, откако германската авиокомпанија мораше да откаже голем број летови поради глобалната пандемија на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од „Луфтханза“ денеска порачаа дека веќе аплицирале и дека ќе поднесат барање за државна помош за да задржат околу 87.000 работници кои ќе работат помалку работни часови.
Германската авиокомпанија вработува повеќе од 135.000 вработени низ светот.
„Луфтханза“ во понеделникот соопшти дека постигнала договори со својот Совет на вработени и синдикати за во Франкфурт и Минхен да се воведе скратено работно време за најмалку 27.000 лица на кабинскиот и друг персонал.
Исто така е соопштено дека членовите на Извршниот одбор се откажале од 20 отсто од своите примања во знак на солидарност со сите вработени.
Досега околу 700 од 763 авиони на „Луфтханза“ се приземјени поради пандемијата на коронавирусот.