Gökhan Yılmaz
28 Октомври 2022•Ажурирано: 30 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Истанбул“ е најфреквентниот аеродром во Европа за третиот квартал од 2022 година според Европската асоцијација на аеродроми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пречекувајќи речиси 20 милиони патници, аеродромот ги надмина своите ривали, аеродромите во Лондон, Париз и Амстердам, покажаа податоците на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за Европа.
Аеродромот во Анталија во турскиот туристички град на Медитеранот е седмиот најфреквентен европски аеродром во тримесечниот период со 14,6 милиони патници.