Cüneyt Karadağ
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
БЕРЛИН (АА) - Во границите на Европската Унија бројот на турски претприемачи достигна на 149 илјади, јавува Аnadolu Agency (AA).
Според истражувањата направени од страна на Фонацијата за научни истражувања и турско-европско образование (TAVAK) во Германија живеат 3 милиони Турци. Од нив 1.700.000 имаат турски пасоши, бројот на полнолетни лица со германски пасош изнесува 980.000, а пак бројот на деца којшто поседуват германски пасош изнесува 360.000.
Според истражувањата во границите на Европската Унија бројот на турски претприемачи изнесува 149.000.
Претседателот на Фондацијата (TAVAK), Фарук Шен, во оценувањето на резултатите од истажувањето посочи дека во Европската Унија 3.5 милиони од работниците се со потекло од Турција и оваа бројка коренсподира со 0.67 % од вкупно вработените во Европската Унија.
Истакнувајќи дека приходите на Турците којшто живеаат во Германија на годишно ниво се околу 18.4 милијарди евра, Шен сопшти дека од нив, околу 16.6 милјарди евра се употребуват за расходи, а пак само 1.8 милијарди можат да се заштедат.
- Само во Германија има околу 77.200 претпреимачи со турско потекло -
Фарук Шен, исто така, посочи дека само во Германија има околу 77.200 претпреимачи со турско потекло, и дека овие работодавачи се од непроценлива вредност за германската економија.
Соопштувајќи дека помеѓу 2006 и 2012 година бројот на Турци којшто се вратија од Германија во Турција изнесува 253.000, Шен рече дека се претпоставува оти до 2023 година бројот на работодавачи со потекло од Турција ќе достигне 95.000.
Шен истакна дека според направените истражувања нема никаво назадување врз база на бројките поради некои негативни случувања меѓу Турција и Германија, но е забележано назадување во прометот и профитот. Исто така, тој посочи дека во ЕУ турските претприемачи инвестираат во 126 различни сектори, а додека другите претприемачи мигранти инвестираат само во пет различни бранши.