Besar Ademi
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Во ЕУ Инфо-центарот во Скопје, Здружението на жени претприемачи на Република Македонија го претстави четиригодишниот регионален проект "Женско претприемништво-мотор за создавање работни места",јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот кој се спроведува во Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција и Молдавија од 2012-та до 2015-та година, има намера на јавноста да и ги претстави преземените мерки во врска со создавањето на нови работни места за жените, како и зголемувањето на бројот на вработени лица во компании кои се сопственост на жените, како и поттикнување на економската активност на жените во руралните средини.
Претседателот на Асоцијацијата на македонските жени претприемачи, Валентина Дисоска рече дека целта на овој проект е да се информира јавноста во Република Македонија дека жените претставуваат силен потенцијал за светската економија. Таа додаде дека женското претприемништво во Македонија во однос на вкупното изнесува околу 30 проценти, а тој процент како што рече таа, е сличнен на оној во земјите на ЕУ.
"Статистичките податоци покажуваат дека сме приближно исти како земјите на ЕУ, сепак нашите компании раководени од жените се мали компании. Овие компании немаат голем обрт, дека немаат голем профит, дека се самовработени и дека во принцип се тргнати да работат свој сопствен бизис заради потребата од пронаоѓање работа а не заради потребата од водење бизнис", рече Дисоска.
Од другата страна, директорката на Инцијативата за долгорочниот развој на Хрватска Мари Ан Рукавина Ципетиќ изјави дека Македонија е единствена земја во регионот, која успеа да изедначи на женското претприемништво со земјите од ЕУ.
"Македонија ни беше многу важна во оваа програма од девет земји иако имаше скромни почетоци таа е единствена земја во овој дел на Европа вклучувајќи ги и земјите на ЕУ, која успеа да направи статистичка база што навидум не е толку значајно но тоа е темел на сите паметни политички одлуки за да може да се измери направеното. Македонското искуство го користиме и пренесуваме во ЕУ а дел од праксата и добрата политика го делиме со Република Македонија, така да ни е драго што имаме соработка со Асоцијацијата на жените претрпиемачи, со Владата и Парламентот, како и со локалната самоуправа и повеќе комори со што се постигна синергија. Тоа ни овозможува да работиме и да видиме напредок" , рече Рукавина Ципетиќ.