Emre Gürkan Abay
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Руската енергетска компанија Газпром преку дипломатски канали ја доби првата дозвола за изградба на делот од гасоводот Турски тек што треба да минува низ морето, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата соопшти дека преку дипломатски канали од одговорните во Турција е добиена дозвола за изградба на делот од гасоводот Турски тек што треба да минува низ морето.
Во соопштението се наведува мислењето на висок менаџер (CEO) во Газпром, Алексеј Милер, кој вели дека во соработка со турските власти, на ефективен и конзистентен начин продолжува да се одвива првата фаза од проектот Турски тек.
Минатата недела компанијата Газпром издаде соопштение во кое се вели дека добиле дозвола за проектот Турски тек, но не беа дадени детали околу содржината на дозволата.