Bahattin Gönültaş
12 Октомври 2026•Ажурирано: 12 Октомври 2026
Ауди, бренд на групацијата Фолксваген, забележа пад на глобалната испорака на возила од 19,7 отсто, односнно 314.900 возила, во третиот квартал од годината поради намалувањето на пазарот во Кина, јавува Анадолу
Падот на продажбата на Ауди продолжи и во третиот квартал, откако во вториот квартал се намали за 8 отсто.
Глобалната продажба на целосно електрични возила на брендот исто така продолжи да опаѓа, со пад од 21,5 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 48.700 возила во третиот квартал.
Вкупната глобална испорака на Ауди се намали за 11,4 отсто во споредба со истиот период минатата година и падна на 1,04 милиони возила во деветте месеци од оваа година.
Како и другите германски производители, компанијата се соочи со проблеми поради локалната конкуренција и слабата побарувачка на кинескиот пазар, при што нејзините испораки во таа земја опаднаа за речиси 25 отсто во текот на деветте месеци.