Aysu Biçer
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Европската централна банка (ECB) денеска ги зголеми каматните стапки за првпат по повеќе од една деценија откако инфлацијата во еврозоната го достигна највисокото ниво досега, јавува Агенција Анадолија (АА).
Годишната инфлација во еврозоната се искачи на 8,6 проценти во јуни, далеку над целта на ЕЦБ за инфлација од 2 проценти.
Управниот одбор на банката одлучи да ги зголеми трите клучни стапки повеќе од очекуваното за 50 базични поени и го одобри инструментот за заштита на преносот (Transmission Protection Instrument (TPI)).
„Соодветно, каматните стапки за главните операции за рефинансирање и каматните стапки за расположлив кредит преку ноќ (ломбарден кредит) и депозитните средства ќе бидат зголемени за 0,50 проценти, 0,75 проценти и 00,00 проценти, со стапување на сила од 27 јули 2022 година.“
Исто така, се наведува дека на претстојните состаноци понатамошната нормализација на каматните стапки ќе биде соодветна.
Банката истакна дека преку ТПИ ќе го поддржи ефективниот пренос на монетарната политика. „ТПИ ќе обезбеди монетарната политика непречено да се реализира низ сите земји од еврозоната.“
The bank aims to tackle "anti-fragmentation" via this new tool to restrain the risk of eurozone fragmentation.
Банката има за цел да се справи со антифрагментацијата преку нова алатка за да се ограничи ризикот од фрагментација во еврозоната.