Ata Ufuk Şeker
28 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за забрана на трансакциите поврзани со управувањето со резервите и средствата на Централната банка на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката за ставање на Централната банка на Русија на списокот за санкции што ги подготви ЕУ поради рускиот напад врз Украина стапи на сила откако беше објавена во Службениот весник на ЕУ.
Според тоа, забранети се трансакции со кое било правно лице, организација или тело што дејствува во име или по инструкции на Централната банка на Русија.
Исто така, во опсегот на забраната вклучени се трансакциите поврзани со управувањето со резервите, како и со средствата на Централната банка на Русија.
Може да се дозволат активности доколку се „апсолутно неопходни“ за да се обезбеди финансиска стабилност на ЕУ или на некоја земја членка.
Русија планираше да го ослабне ефектот од економските санкции на Западот, особено со нејзините девизни резерви од продажбата на енергетски производи како што се високите цени на природниот гас и нафтата
Меѓу другото, Соединетите Американски Држави (САД) и Европа ги таргетираа и руските резерви од 640 милијарди долари.
Околу половина од резервите на Русија се лоцирани во западните земји. Пристапот на Русија до овие резерви е прекинат.