Muhammed Ali Gürtaş
31 Јануари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Европската Унија ја заврши 2018 година со стапка на невработеност од 6,6 отсто, објави денес „Евростат“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на невработеност во ЕУ на годишно ниво паднала за 0,6 процентни поени, во споредба со 7,2 отсто во декември 2017 година.
„„Евростат“ проценува дека 16,3 милиони мажи и жени во ЕУ28, од кои 12,9 милиони во еврозоната, биле невработени во декември 2018 година“, се вели од Агенцијата за статистика.
Еврозоната или ЕА19 ги претставува земјите членки кои ја користат единствената валута - еврото, додека ЕУ28 ги вклучува сите земји членки на Блокот.
„Евростат“ соопштува дека најниските стапки се во Чешка, 2,1 отсто и во Германија, 3,3 отсто, додека највисоките бројки се во Грција, 18,6 отсто (бројки од октомври) и во Шпанија, 14,3 отсто.
„Во споредба со пред една година, стапката на невработеност падна во сите земји членки, освен во Франција, каде што остана стабилна“, се вели во соопштението.
Официјалните бројки покажаа дека 3,36 милиони млади лица на возраст под 25 години, биле невработени во 28-члениот блок, од кои 2,9 милиони биле во еврозоната.
„Во споредба со декември 2017 година, стапката на невработеност кај младите се намали на 249,000 во ЕУ28 и на 141,000 во еврозоната.“
„Во декември 2018 година стапката на невработеност кај младите беше намалена на 14,9 отсто во ЕУ28 од 16,1 отсто 2017 година, додека во еврозоната стапката на невработеност за 2018 година изнесуваше 16,6 отсто во споредба со 17,8 отсто од претходната година.“
Најниската стапка на невработеност кај младите е забележана во Чешка, Германија и Холандија, додека највисоки бројки се забележани во Грција, Шпанија и Италија.