Beyza Binnur Dönmez
26 Јули 2024•Ажурирај: 27 Јули 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека Европската Унија (ЕУ) ѝ префрлила на Украина над 1,5 милијарди евра од замрзнатите средства на Русија, што претставува прва ваква употреба на имобилизираниот имот, пренесува Анадолу.
„ЕУ стои покрај Украина“, порача Фон дер Лајен преку платформата Х, каде што ја даде објавата.
„Нема подобар симбол или употреба на парите на Кремљ од тоа да се направи Украина и цела Европа побезбедно место за живеење“, рече таа.
Поради санкциите воведени на почетокот на 2022 година, по започнувањето на војната на Москва во Украина, Русија нема право да ги добива своите вонредни приходи, кои се проценуваат на околу 210 милијарди евра низ целиот Блок.