Ahmet Dursun
24 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) – Иран ќе извезува гас во Турција по 13,3 отсто пониска цена и на ова земја ќе и исплати отштета од 1,9 милијарди долари. Одлуката ја донесе Меѓународниот арбитражен суд во врска со тужбата која Турција ја покрена против Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација ја потврди заменикот на иранскиот министер за нафта и генералниот директор на Националната компанија за производство на гас Хамид Риза Ираки.
Како што јавува иранската новинска агенција (ИСНА), Ираки во Техеран изјавил дека според одлуката на Меѓународниот арбитражен суд, одредено е намалување за гасот кој се извезува во Турција, како и висината на отштетата која ќе биде исплатена.
Ираки нагласи дека според одлуката на судот гасот ќе и биде испорачуван на Турција по 13,3 отсто намалена цена, како и дека Техеран на Анкара ќе и исплати отштета од 1,9 милијарди долари.
Турција во 2012. година покрена тужба против Иран пред меѓународниот суд поради високите цени на иранскиот гас. Инаку, Меѓународниот арбитражен суд 2011 година донесе одлука дека гасот на Турција треба да ѝ биде испорачан со намалена цена од 10-15 отсто.