Enes Duran
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Македонија е земја со најнизок индекс на ниво на цени во Европа, додека Исланд е земја со највисок индекс на ниво на цени во овој континент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Институтот за статистики на Турција (ТУИК) ги објави резултатите од паритетот на куповна моќ за минатата година според конечните потрошувачки трошоци на домаќинствата.
Во резултатот се вклучени 28 земји членки на Европската Унија (ЕУ), 3 земји од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), (Швајцарија, Исланд и Норвешка), 5 земји кандидати (Турција, Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија), како и една земја потенцијален кандидат (Босна и Херцеговина).
Ова истражување покажа дека меѓу 37 земји, земјата со најнизок индекс на ниво на цени е Македонија со 47, додека земја со највисок индекс на ниво на цени е Исланд со 166.
Индексот на ниво на цени ја покажува куповната моќ на народните валути на земјите во споредба со девизниот курс.
Во случај индексот на ниво на цени во една земја да е над 100, тогаш таа земја се смета за „скапа“ според просекот на групата земји со кои се споредува, додека ако е понизок од 100 тогаш таа земја се смета за „евтина“.