Dilara Zengin Okay
09 Ноември 2022•Ажурирај: 10 Ноември 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, продаде дополнителни акции на „Тесла“ во вредност од 3,95 милијарди долари, откако го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на американската Комисија за хартии од вредност, Маск продал 19,5 милиони акции на компанијата.
Маск, исто така, продаде акции на „Тесла“ во вредност од околу 8,5 милијарди долари во април и 6,9 милијарди долари во август оваа година.
Од април, кога Маск се договори со Управниот одбор на компанијата да го купи „Твитер“, продадени се акции на „Тесла“ во вредност од околу 19,4 милијарди долари.