Bekim Laci
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за економија на Република Македонија, Дритон Кучи, денеска го прими амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Фатос Река, со кого разговараше за билатералните односи во политичката и економската сфера, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на Министерството за економија на Република Македонија, Кучи изјави дека "соработката меѓу двете земји ќе продолжи со планираната динамика, и го изрази своето задоволство од фактот дека со изградбата на интерконекцијата на далноводот меѓу Македонија и Албанија, кој ги поврзува Битола и Елбасан 400 kV, двете земји отворија нови можности за соработка и вклучување на регионалниот пазар."
Министерот Кучи додаде дека и двете земји се потписнички на договорот на ЦЕФТА и тој треба да се спроведе во целост, а во случај на потреба да се спроведе проверка на земјоделски производи, тие да се чуваат во соодветни складишта до завршувањето на проверките од страна на Министерството за земјоделство.
Амбасадорот Река побара од двете земји да потпишат договор за соработка во насока на меѓусебна размена на информации, како и да не се повторуваат ваквите ситуации на државните граници. Река изјави дека Албанија со внимание и загриженост ја следи актуелната политичка ситуација во Македонија.