Ekip
01 Август 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
ФРАНКФУРТ (AA) - Од „Фолксваген“ соопштија дека нивниот профит пораснал за 6,8 отсто во вториот квартал во однос на првиот квартал во 2018 година и покрај трошоците од 1,6 милијарди евра поради проблемите со загадување на дизел-возилата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Фолксваген“, германскиот произведувач на автомобили, соопшти денеска дека нето-профитот пораснал на 3,31 милијарда евра од 3,10 милијарди евра во претходната година. Бруто-профитот пораснал за 3,4 отсто на 61,14 милијарди евра за истиот период.
Компанијата оствари рекорден промет во првите шест месеци од оваа година со продажба на 5,5 милиони возила, што е зголемување од 7,1 отсто во однос на истиот период минатата година.
Директорот на компанијата, Хеберт Диес, изјави дека компанијата „не може да одмора“ поради предизвиците, како што се новите и построгите емисиии на издувни гасови за возилата.
Тој, исто така, предупреди дека растечкиот протекционизам претставува голем предизвик за индустријата. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови тарифи за челик, алуминиум и кинеска стока.