Ebru Şengül Cevrioğlu
18 Ноември 2022•Ажурирај: 21 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ започна со испорака на природен гас во Азербејџан во рамките на новиот договор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата соопшти дека меѓу СОКАР и „Гаспром“ е потпишан нов договор за испорака на природен гас во Азербејџан.
Испораката, според условите во договорот, започнала на 15 ноември и ќе трае до март 2023 година. Вкупното количество испорачан гас до март идната година ќе изнесува до 1 милијарда кубни метри.