Övünç Kutlu
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Саудиската национална компанија „Aramco“, стана целосен сопственик на најголемата американска нафтена рафинерија „Порт Артур“ во американската сојузна држава Тексас, јавува Anadolu Agency (AA).
Досегашниот сопственик на рафинеријата во Тексас беше компанијата „Motiva Enterprises“ (Мотива Ентерпрајсес) која во изминатите 19 години заеднички, во обем 50:50, ја контролираа саудискиот „Арамко“ и британско-холандскиот „Royal Dutch Shell “ (Ројал Дач Шел).
„Shell“ соопшти дека е завршен договорот со „Aramco“, и дека „Аramco“ презел целосна контрола над тексашката рафинерија во чија сопственост се 24 терминали, и која има дневен капацитет на преработка од 600.000 барели нафта.
Од друга страна, британско-холандскиот „Shell“ ги презеде сите акции на рафинеријата „Norco“ и „Convert“ во Луизијана кои имаат 11 терминали.
Аналитичарите претходно најавија дека Саудиска Арабија, како најголем светски извозник на сурова нафта, сака подиректно да влезе на пазарот на Соединетите Американски Држави, кои се најголемиот потрошувач на тој енергент.
Според податоците на Администрацијата за енергетски информации на САД, минатата година Саудиска Арабија во просек извезувала 1,1 милиони барели сурова нафта во САД, доаѓајќи на второто место зад Канада, која извезуваше во просек 3,3 милиони барели дневно сурова нафта на нејзиниот јужен сосед.