????? ????
08 Јануари 2016•Ажурирај: 11 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Република Македонија во текот на 2016 година ќе забележи економски раст од 3,4 отсто, предвидува Светската Банка (СБ) во нејзиниот последен извештај "Економските глобални перспективи", јавува Anadolu Agency (AA).
Според истиот извештај економскиот раст во наредните две години ќе биде подинамичен, за што СБ предвидува економски раст од 3,7 отсто, за наредните две години, 2017 и 2018 година.
Што се однесува на земјите од регионот СБ предвидува економски раст од 3,5 отсто за Турција и Косово, 3,4 отсто за Албанија, за Црна Гора се предвидува економски раст од 2,9 отсто, за БиХ 2,3 и за Бугарија 2,2 отсто.
Најмалите очекувања на СБ се однесуваат на Србија, на која и се предвидува економски раст 1,8 отсто.
Економскиот развој на регионот во Европа според СБ ќе забави од 2,3 на 2,1 отсто, а причината за тоа, според СБ се намалените цени на нафтата.