Zülfiya Yakup
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ПРИШТИНА (АА) - Собранието на Косовско доцна синоќа го донесе Законот за комбинатот Трепча и така, како што е наведено, го спаси од ликвидација, јавува Anadolu Agency (AA).
За да рударско-металуршкиот комбинат Трепча биде уреден како акционерско друштво со кое ќе управува Владата на Косово гласаа 79 пратеници, додека 14 беа воздржани.
Во првото разгледување вчера, нацрт-законот беше усвоен со 82 гласа за и 12 воздржани, од вкупно 120 пратеници во Собранието на Косово.
Српските пратеници не учествуваа во гласањето бидејќи бараа повлекување на нацрт законот од собраниската процедура.
До усвојување на Законот дојде по повеќе од пет часа, помеѓу првото и второто разгледување на нацрт на законот, откако се разгледани предложените амандмани на тој закон. Соодветните собраниси комисии не ги прифатија амандманите на опозициското движење Самоопределување. Според зборовите на претседателот на Комисијата за економски развој Мухамет Мустафа, тие амандмани не го менуваат концептот на законот. Тој објасни дека акционерите не можат да ги усвојат своите статути без согласност од Собранието, како и дека Собранието дава согласност во врска со користење на природните ресурси и средства воопшто.
Во попладневниот дел на седницата, премиерот на Косово Иса Мустафа рече дека главниот акционер на Рударско-металуршкиот комбинат Трепча ќе биде Владата на Косово со 80 отсто од акциите, додека 20 отсто од акциите ќе им припаднат на работниците на тој комбинат.
„Законот јасно дефинира дека минералните ресурси се во сопственост на Република Косово и со овој закон сопственоста над Трепча е, и останува да биде во сопственост на Косово, додека за користење на минералните ресурси е потребно да се поседува лиценца за испитување и развој издадена во склад со косовските закони", рече Мустафа.
Висар Имери, пратеник и претседател на опозициското движење Самоопределување, оцени дека со ваквкиот закон Трепча се подготвува за продажба, како и дека со гласањето за овој закон, Собранието само себе си се исклучува за одлучување за Трепча.
Шефот на пратеничката група Српска листа, Славнко Симиќ, рече дека 3.000 работници на Трепча и целата српска заедница на Косово веруваат дека овој закон ќе ги загрози и побара нацртот на законот кој го предложи Владата да се повлече од собраниската процедура и ова прашањ да се реши исклучиво со претставниците на Трепча, општините на чија територија е комбинатот и во договор со домашните и меѓународните експерти.
Нацрт законот за Трепча е размотрен по итна процедура затоа што според одлуката на Посебна комора од Врховниот суд на Косово последен рок за предавање на планот за организација на Трепча е први ноември 2016 година или ќе отиде во ликвидација.