Yusuf Şahbaz,Uğur Aslanhan
02 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ДЕНИЗЛИ (AA) - Турција во првите 10 месеци оваа година го зголеми извозот за 2,1 отсто, а изнесуваше 148,8 милијарди долари. Истовремено, намален е увозот за 13,2 отсто, а во истиот период изнесуваше 172,1 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за трговија на Република Турција, Рухсар Пекчан, претстојуваше во западниот турски град Денизли, каде што со јавноста ги сподели најновите податоци за турската економија.
„Извозот во октомври оваа година изнесуваше 16 милијарди и 336 милиони долари“, рече Пекчан, и додаде:
„Севкупниот извоз во првите 10 месеци оваа година е зголемен за 2,1 отсто и изнесуваше 148 милијарди и 842 милиони долари. Истовремено, увозот од почетокот на годината е помал за 13,2 отсто, а изнесуваше 172 милијарди 71 милион долари“, рече Рухсар Пекчан, министерка за трговија на Република Турција.
Таа смета дека овие бројки и позитивниот резултат и понатаму даваат доверба во турската економија и нејзините извозници.
Кога станува збор за надворешнотрговскиот дефицит на Турција, во првите 10 месеци оваа година тој е намален е за 55,6 отсто и изнесуваше 23 милијарди и 228 милиони долари.