Arife Yıldız Ünal
24 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
АНКАРА
- Арифе ЈИЛДИЗ УНАЛ
Турција во првите 9 месеци од минатата година оствари мобилен сообраќај во траење од 205 милијарди 379 милиони 895 илјади и 614 минути, пишува Агенција Анадолија (АА).
Според анализата што новинарот на АА ја направи врз база на информациите објавени од страна на Институтот за информатички технологии и комуникации (BTK) на Турција, кои се однесуваат на мобилниот сообраќај, добиен е податокот дека во третиот квартал од 2019 година пенетрацијата на мобилната мрежа достигнала 101,1 %, при бројка од 82,9 милиони претплатници.
Имајќи го предвид вкупниот дистрибуиран сообраќај креиран од фиксните и мобилните оператори во секторот за комуникации, со години наназад количеството на мобилниот сообраќај е во постојан подем, а се намалува сообраќајот во фиксната телефонија.

- Зголемен трендот на мобилниот сообраќај
Во првиот квартал од минатата година во Турција е остварен мобилен сообраќај од 66 милијарди 111 милиони 449 илјади и 357 минути. Во вториот квартал остварениот сообраќај изнесува 69 милијарди 32 милиони 72 илјади и 724 минути. Во третиот квартал остварен е сообраќај од 70,2 милијарди минути. Според тоа, во првите 9 месеци од минатата година во Турција, вклучувајќи ги тука и разговорите направени преку интернет, остварен е сообраќај од приближно 205,4 милијарди минути.
Само во третиот квартал (јули - септември 2019) во споредба со претходниот квартал, мобилниот сообраќај е зголемен за 1,7 %, додека во споредба со истиот период минатата година забележан е раст од 1,8 %.
- Мобилниот сообраќај воТурција е два пати поголем од сообраќајот во Европа
Во третиот квартал од минатата година во Турција во просек по лице остварен е мобилен сообраќај од 480 минути, со што Турција го зазема првото место меѓу земјите од Европа. Од 2012 година наваму, Турција е земја со најголем број разговори. Втора земја на листата земји со најголем број разговори е Бугарија со 317 минути, додека на трето место се наоѓа Северна Македонија со 304 минути. Следуваат Италија со 300 и Хрватска со 269 минути.
Просекот на мобилниот сообраќај по лице кај земјите од Европа изнесува 247 минути.
Според вредностите на АРПУ (ARPU - просечен приход по корисник) во Западна Европа остварениот месечен приход по претплатник заклучно со третиот квартал на 2019 година изнесува 18,09 евра, додека месечниот приход по претплатник во Турција изнесува 5,89 евра.
Споредувајќи ги податоците, може да се забележи дека Турција се наоѓа на врвот меѓу земјите од Европа со просечен сообраќај од 480 минути. Од друга страна, Турција е земја со најмал приход по претплатник, со просечна претплата од 5,89 евра.