Bedrudin Brlyavac
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Холандските власти соопштија дека за понатамошен економски раст на земјата потребни се нови работници во ИТ секторот, како и во секторите градежништво и здравство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната агенција за вработување (UWV) соопшти дека недостатокот на квалификувани работници во овие сектори претставува закана за растот на оваа европска земја.
Во соопштението се наведува дека во Холандија, во текот на рецесијата, посебно биле погодени секторите градежништво и здравство кои, како што се наведува, моментално бележат значаен пораст.
Бројот на работни места во градежниот и здравствениот сектор во текот на две години двојно се зголеми.
Државната агенција за вработување наведува дека во секторот градежништво потребни се столари, ѕидари и техничари бидејќи, како што се наведува, има многу постари работници кои се пред пензионирање.
Во секторот здравство најмногу се потребни квалификувани медицински сестри.
Во соопштението уште се додава дека бројот на работни места во земјата се зголемил во сите сектори, освен во секторот за финансиски услуги и државниот сектор.