Emre Gürkan Abay
11 Април 2023•Ажурирај: 12 Април 2023
МОСКВА (АА) - Централната банка на Русија објави дека уделот на рубљата во извозните плаќања на земјата се израмнил со доларот и значително го надминал еврото, јавува Анадолу.
Во извештајот на Централната банка се потсетува дека Русија почнала да прима уплати во рубли за испорака на природен гас на непријателските земји во мај 2022 година.
Се наведува дека уделот на рубљата во извозот е значително зголемен благодарение токму на оваа одлука.
„Уделот на националната валута, рубљата, во извозот до крајот на годината надмина 30 отсто, достигнувајќи го уделот на доларот и значително надминувајќи го еврото“, се наведува во извештајот.
Се истакнува дека уделот на доларот и на еврото во извозот паднал под 50 отсто.
Како што се наведува во извештајот, компаниите и граѓаните во своите депозити го зголемиле уделот на валутите на пријателските земји, особено на кинескиот јуан.