Murat Karadağ
19 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Американската актерка Амбер Херд и поранешната сопруга на холивудскиот глумец Џони Деп изјави дека вкупниот надоместок од разводот, кој изнесува седум милиони долари, ќе го даде во хуманитарни цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Херд изјави дека целата сума од надоместокот од разводот ќе ја даде за помош на деца и на жените жртви на насилство, односно за Американскиот синдикат за човекови права (ACLU) и Детската болница во Лос Анџелес.
Актерката изнесе тврдење дека за време на бракот со Деп во повеќе наврати била жртва на насилство, кое адвокатот на американскиот актер го беше одбил. Тој тогаш изјави дека тврдењата на Амбер Херд се неточни и дека ги изнесува со цел да добие поголем надоместок за развод. Херд изјави дека парите воопшто не ѝ се битн
Бракоразводната парница меѓу Херд и Деп траеше навистина долго, а завршена е со прифаќањето на Деп да плати надомест од седум милиони долари.
Херд (30) на првото рочиште стигна со модринки на лицето и изнесе тврдења дека била жртва на физичко насилство, како и дека за време на расправија со Деп, била удрена со телефон.