Kayhan Gül
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
САРАЕВО (AA) - КАЈХАН ЃУЛ
Имад ал-Хусин, попознат како Абу Хамза, пуштен е на слобода на 18 февруари, откако во имиграциониот центар во Лукавица во близина на Сараево поминал повеќе од седум години без обвинение. Притворен е поради тоа што БиХ го сметаше за закана за националната безбедност. Обвинението протв него никогаш не е покренато, а депортацијата во Сирија не била возможна. Абу Хамза за прв пат дошол на просторите на поранешна Југославија во1983 со намера да студира. Во 1992 година, на почетокот на војната во Босна и Херцеговина, од Хрватска се сели во Босна каде им се приклчува на Бошњаците во војната.
Имад ал-Хусин, попознат како Абу Хамза во итнервју за Anadolu Agency (AA) изрази желба дека би сакал да биде прифатен од страна на Турција.
Потсети дека босанско-херцеговските власти бараа од 50 земjи да го испорачаат, меѓутоа службено околу 40 нив го одбиле тоа барање. „Бидејќи луѓето, иако на почетокот прифаќаат, потоа бараат повеќе информации и велат ,зошто ќе го депортирате, дали претставува закана'. Имам информација дека многу земји рекле, 'имаме колку сакате вакви, ние Вам да Ви ги праќаме. Тогаш повеќето одбија”, рече Абу Хамза.
Абу Хамза истакнува дека неговата желба е да го прифати Турција, како и дека работи на тоа.
„Работиме со Божја помош (за остварување на желбата за прифаќање) за Tурција и го молам Господ да успеам. Би сакал да отидам во Турција. Сепак, Турција е единствената земја која покажа големо срце кон Сиријците. Му се заблагодарувам на братскиот турски народ за сè што направи. И моето семејство е таму кое избега од Деир ез-Зор. Велат дека таму каде што се сместени е како во хотел со пет sвезди во однос со останатите во Јордан и Либија. Турскиот народ ги прими, така да и јас би сакал. Би го замолил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ме прими. Би бил благодарен”, рече Абу Хамза.
Родениот Сириец истакна дека во текот на 7 и пол подини, односно додека бил во Имиграциониот центар во Источно Сараево преку сателит ги следел случувањата во Сирија.
„Ги следев и негативните и позитивните работи. Имаше канали кои сакав да ги гледам а и оние кои не сакав да ги гледам. Можам да ви кажам дека тоа одамна е одлучено. Поделено е она што е поделено, расцепкано е она што е расцепкано. Жално е да се каже, но Израел мора да стане таа главна држава во тие подрачја”, тврди Абу Хамза.
Абу Хамза додаде дека целта на овие случувања во арапскиот простор е уништување на следбениците на праксата на Божјиот пратеник Мухамед и мислењето на поголемите исламски интелектуалци и научници.
„Затоа што тие (Сиријците) беа единствените за кои можеме да кажеме дека можеа да го носат товарот на уметот (народот) и сакаат по секоја цена да ги поделат. Да, светот е виновен, но Сиријците се главните виновници за ова што им се случува. Бидејќи ако не можеме јас и ти, како Сиријци да седнеме и да се договориме, како тогаш да се договараме со Американците, или со Турција или со Катар. Јас и ти седиме и се договараме. Ако не можеме, тогаш го заслужуваме ова што ни се случи”, рече тој.
Коментирајќи ја улогата и создавањето на ДАЕШ во тоа подрачје, Абу Хамза рече дека „ДАЕШ е Франкештајн на ова време”.
„Нема да речам дека го создадоа, но го олеснија неговото создавање. Тоа се сили кои се борат против Исламот. Мислам дека тој Франкештајн е роден во Абу Гариб од бракот помеѓу Баас партијата и од луѓето на Заркави (Абу Мусаб ал-Заркави, поранешен лидер на Ал-Каеда во Ирак). Од нив излезе ДАЕШ. ДАЕШ не е како Ал-Каеда. Повеќе наликува на Садамовото владеење отколку на исламско. На пример, повеќето нивни комананти се поранешни ирачки офицери. Можам да кажам дека знамето на ДАЕШ е ,Ла илахе Иллалах', а рачката на знамето е Баас партијата. Мислам дека тие се создадени да го уништат исламот, муслиманите а особено Ехли сунет вел џематот. Тоа е нивната цел. Тие не го претставуваат ни исламот, ни муслиманите, ниту себеси. Сметам дека тие работат во корист на луѓето и силите кои се против исламот и муслиманите”, заклучи Абу Хамза.