Dursun Aydemir
25 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
БРИСЕЛ
Со доаѓањето на пролетта, природата го покажува својот посебен раскош. Sвончињата во април во шумата Халербос, во Белија, им даваат чувство на посетителите дека се наоѓаат во бајка.
Овој простор од 552 хектари, наречен и Сина шума, прекриен е со милиони диви ѕвончиња што импресионираат со својата раскошна боја и мирис.
Туристите од целиот свет доаѓаат за да уживаат во убавината на овој предвесник на пролетта и за да забележат восхитувачки фотографии, особено во раните утрински или вечерни часови.
Возењето со велосипед на патеките на 250 хектари или прошетката на означената патека за шетање од седум километри, им нудат на посетителите можност за опуштање во природен амбиент и потсетуваат дека природата може да делува и терапевтски доколку знаеме да ја чуваме.
Фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) ја забележа оваа убава глетка.