Gökhan Kavak
13 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - На африканскиот континент секое петто лице не може да се храни здраво поради различни причини, како климатски промени, конфликти, пандемијата на Ковид-19 и кризата со храна предизвикана од Руско-украинската војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-директорот на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за Африка, Абебе Хаиле-Габриел, на конференцијата одржана во етиопскиот главен град Адис Абеба во врска со храната и исхраната, укажа на тоа дека овој континент во последно време се соочува со најсериозната криза со храна.
Хаиле-Габриел нагласи дека проблемот со храна во Африка е предизвикан од различни причини, како климатски промени и регионални конфликти, додека, како што рече тој, пандемијата на Ковид-19 и Руско-украинската војна ја продлабочиле оваа криза.
Тој истакна дека на африканскиот континент секое петто лице не може да се храни здраво поради горенаведените причини.
Хаиле-Габриел упати апел итно да се преземат мерки во рамки на борбата против кризата со храна на африканскиот континент.