Besar Ademi
27 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Во рамките на прославата на Нова година, во центарот на Скопје се одржа "Дедомразовска трка", која веќе по втор пат се организира од страна на Град Скопје, во соработка со конгресниот центар "Александар Македонски" и Здружението "Прв на врвот ", a со поддршка на компанијата" Кока-Кола ", јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 460 учесници од сите возрасти, вклучувајќи ги и децата, кои, исто така, беа придружувани од нивните родители, облечени како Дедо Мраз се натпреваруваа на патека долга 1,5 километар. Од страна на организаторот доделени се награди за првите три места во машка и женска категорија.
"Во соработка со градот Скопје и партнерите по втор пат ја организираме оваа трка. Се надеваме дека оваа трка ќе остане традиција во овој град ", рече Вера Милошовска, еден од организаторите на Дедомразовската трка.
Оваа активност е дел од празнувањето на Нова Година и се одржува со цел градот Скопје да се приклучи на листата на светските метрополи, кои организираат вакви настани.