Ayhan Mehmet
06 Март 2020•Ажурирај: 07 Март 2020
ЛЕЗБОС (АА) - Екипите на грчката крајбрежна стража се обидоа да го спречат чамецот што превезува мигранти на островот Лезбос, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вчеравечер, мигрантите кои со гумен чамец стигнаа до брегот Скала Сикаменеа на Лезбос, истакнаа дека екипите на грчката крајбрежна стража отвориле оган кон нивните чамци и дека создавајќи бранови се обиделе да го потопат чамецот.
Сириецот Али Хајдар, кој се наоѓал на чамецот, за АА изјави дека грчките екипи на крајбрежната стража се обидувале чамецот сосила да го вратат назад.
Изјавувајќи дека тимовите отвориле оган во воздух и море, Хајдар рече: „Ние им рековме, ’Во чамецот има деца и бебиња, оставете нѐ да одиме‘, но, не не послушаа. Отворија оган, нѐ прскаа со вода, се наводенивме. Благодариме на Бога, успеавме да поминеме.“
Хајдар, истакнувајќи дека гумениот чамец превезувал 42 мигранти, вклучувајќи и деца, рече дека грчките екипи на крајбрежната стража се обиделе да ги запрат со пендреци и оружје.
„Оттаму [од Турција] тргнавме во 5 часот. Поминувајќи ги турските води, влеговме во грчките води. Се соочивме со неверојатни работи. Грчките чамци се обидоа да нѐ запрат, но не на нормален начин, туку со пендреци, оружје, со прскање со вода и со создавање бранови. Како и да е, чамецот ќе беше потопен.“
Авганистанецот Кебир Мухамеди, кој се наоѓал на истиот брод, изјави дека грчките екипи на крајбрежната стража отвориле оган.
„Додека бевме на пат, до нас дојде полицијата [грчката крајбрежна стража]. Таа отвори оган, ни рече да застанеме, но ние не застанавме. Се обиде да го дупне гумениот чамец, но тоа не го дозволивме. Голем брод [грчката крајбрежна стража] брзо поминуваше покрај нас и создаваше бранови. Сакаше да нѐ преврти.“
- Утрото го дочекаа на брегот
Мигрантите синоќа во вечерните часови пристигнаа на брегот Скала Сикаменеа во Лезбос. Покрај дождливото и студено време мораа утрото да го дочекаат на брегот. На брегот стигнале наводенети, ноќта од студот се заштитиле со едно ќебе што им било дадено.
Мигрантите чекаат што поскоро да бидат испратени на безбедно место.