Amina Zorniç
14 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најновата студија на Универзитетот „Охајо” покажа дека срцевиот удар е почеста појава кај жените отколку кај мажите, јавува Anadolu Agency (AA).
Најголемата причина за тоа, е токму фактот дека повеќето случаи жените ги "игнорираат" симптомите на срцев удар, вели д-р Лакшми Мехта кој работи како истражувач на Универзитетот „Охајо”.
Според неа, кампањите за превенција од срцев удар се повеќе фокусирани на мажите отколку на жените пациенти.
Околу 26 проценти од жените не го преживуваат првиот срцев удар додека кај мажите таа бројка е 19 отсто. Mехта вели дека појавата на срцев удар е повисока кај афро-американските жени.
Жените понекогаш не се ни свесни дека претрпеле срцев удар, а речиси 42 отсто од жените за време на срцевиот удар не чувствуваат болка во градите. Поради „недостаток” на симптоми, повеќе жени умираат од срцев удар.
Истражувањата покажаа дека кардиоваскуларните заболувања се најчеста причина за смрт во светот. Повеќето луѓе умираат од болести на срцето и крвните садови.