Esra Akgün
30 Јануари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
КАЈСЕРИ (AA) - Калинката е овојшје кое содржи многу антиоксиданти и многу е богато со витамин Ц, а нејзиното конзумирање се пропорачува бидејќи има моќ да го штити човекот од рак и од грипалните инфекции.
На оваа тема за Anadolu Agency (AA) зборуваше Али Унал, професор на Одделот за интерна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Ерџијес во турскиот град Кајсери.
Унал вели дека секое годишно време има соодветно овошје или зеленчук кое треба да се внесува во организмот. Според неговите зборови, ако човекот ги внесува во својот организам свежи, имаат способност да спречат одредени болести кои се специфични за тој годишен период, но и некои други.
Унал нагласи дека со внесување на овошје и зеленчук богато со витамин Ц во зимскиот период, го јакне имунитетот на организмот.
"Калинката е овошје кое е многу богато со витаминот Ц и консумирањето на нар или свежиот сок од нар го јакне имунитетот", рече Унал.
Тој додаде дека калинката ги содржи антиоксидантите, витамините А и Е, поради тоа долгорочно ги уништува канцерогените ќелии во телото.
"На тој начин луѓето можат да се штитат и од можности од рак и од грипот. Во случај на грип, со конзумирање на калинката може многу побрзо и полесно да се излекува, бидејќи таа го чува Вашиот имунитет силен. Поради тоа сметам дека калинката е едно од најважните овошја во зимскиот период", порача Унал.